ЕМА: Фајзер/БиоНТех вакцината може да биде одобрена за неколку недели

Од:

Европската агенција за лекови (ЕМА) „во рок од неколку недели“ ќе одлучи дали ќе ја одобри вакцината на Фајзер/ БиоНТех, за таа ќе зависи од тоа дали дадените податоци се доволно големи, соопшти европскиот регулатор на лекови, пренесе ДПА.

„Мислењето за одобрение за употреба на вакцината може да се издаде за неколку недели, во зависност од тоа дали доставените податоци се доволно големи и целосни за да се покаже квалитетот, безбедноста и ефикасноста на вакцината“, наведува ЕМА.

Проценката ќе биде донесена на вонреден состанок, закажан најдоцна за 29 декември, се додава од Агенцијата.

Авторизација на пазарот на ЕУ за своја вакцина единствено уште побара компанијата „Модерна“, а за неа одлуката може да се очекува најдоцна до 12 јануари, додаде ЕМА, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он