Мохамед Ел Барадеј, еден од истакнатите лидери на египетската опозиција, денес во Каиро положи заклетва како потпретседател на државата.
Како што пренесуваат медиумите тој во привремената влада ќе биде задолжен за меѓународните односи.
Ел Барадеј долго време беше шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија, а потоа стана истакнат опозициски политичар во Египет.
Елена Георгиевска