Еквадор: Сноуден не се поврзал со наша Амбасада, затоа и не му е разгледано барањето

Од:

Владата на Еквадор денеска соопшти дека не го разгледала барањето за политички азил на поранешниот соработник на американската Национална безбедносна служба Едвард Сноуден, бидејќи тој не се поврзал со ниту едно од дипломатските претставништва на земјата, изјави на прес-конференција во Кито еквадосркиот владин претставник Бети Тола.


– Подносителот на барањето не се наоѓа на еквадорска територија, како што наложува законот, потенцира Тола.


За да демонстрира принципиелен приод кон барањето за азил на Сноуден, Еквадор се откажува од своите префернцијални права по трговскиот договор со САД, истакна друг еквадорски владин претставник, Фернандо Алварадо.


– Еквадор се откажува, еднострано и неповратно, од овие царински олеснувања, изјави Алварадо.


Согласно Андскиот закон за трговски префернции, Вашингтон му дозволи на Кито да извезува во САД 835 видови на стоки по намалени царани, како „награда“ за учеството на Еквадор во борбата против шверцот со дрога.


– Еквадор не прифаќа закани и притисок од никого, не тргува со своите принципи и не ги издава поради трговски интереси, без разлика колку се тие важни, нагласи Алварадо.

Би можело да ве интересира

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати