Силна експлозија одекна во средно училиште во шведскиот град Карлстад. Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, јавија локални медиуми.
Во училиштето непосредно по експлозијата избил пожар.
– Експлозијата се слушна и во други делови од градот. Се обидуваме да утврдиме што е причина за експлозијата, изјави Ола Акесон од градските власти, за весникот „Експресен“.