Експлозија во голем руски воен магацин во Украина: Погоден со два проектили, уништено големо количество оружје

Од:

Откако Украина им зададе тежок удар на руските сили, откако гранатираа огромен воен магацин во селото Риков.

Според руски извори, во овој магацин била складирана воена опрема и муниција, а по експлозијата дошло до огромен пожар.

Телеграмскиот канал „Рибар“ наведе дека складиштето наводно било погодено од два проектили „Storm Shadow“ од британско производство.

На познат украински канал на Телеграм, исто така, беше наведено дека имало експлозија во руски воен магацин, како и дека во него имало големо количество муниција што се транспортирала оттаму на фронтот во Запорожје.

Истиот извор тврди дека во нападот загинале неколку десетици Руси, додека десетици се повредени. Точни податоци за можни жртви не се официјално објавени, пишува Билд.

Да потсетиме, откако минатата недела официјално започна украинската контраофанзива, таа армија изврши неколку успешни напади врз руските утврдувања. Целта на овие напади е да се ослабне снабдувањето на руските војници на фронтот во форма на воена опрема и муниција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот синоќешен говор рече дека Москва треба да се подготви за губење на окупираните територии.

„Чекор по чекор нашите сили се движат напред кон ослободување на нивните територии“, рече тој.

Зеленски, исто така, ги негираше наводите на рускиот претседател Владимир Путин дека американскиот систем Патриот наводно бил уништен во Украина.

„Ниту еден од системите Патриот не е уништен“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски ги објави деталите за неговиот „план за победа“

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Шредер: „Русија е непобедлива“

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски