Најмалку едно лице загина, а три се повредени во експлозија што се случи денеска во фабриката „Тојота материјал холдинг“ во населбата Борго Панигале во Болоња.
Во фабриката на Тојота, нешто по 17 часот експлодирал компресор, а дел од магацинот се урнал, јавува Месаџеро.
На терен се припадници на противпожарните и полициските сили, како и медицински служби со хеликоптери.
Una violenta esplosione si è verificata verso le 17.20 in uno stabilimento di Borgo Panigale a Bologna. Si tratta di un capannone della ‘Toyota Material Handling’, multinazionale che si occupa di movimentazione merci. Ci sarebbero almeno una vittima e 3 feriti gravi. pic.twitter.com/02XWoqQL4d
— Franco Scarsella (@FrancoScarsell2) October 23, 2024
Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по потенцијални жртви под урнатините.