Експлозија во Брисел, повредени нема

Од:

На Институтот за криминологија во северен Брисел утрово експлодира бомба, но нема повредени лица, бидејќи зградата во тоа време била празна.

Според телевизијата РТЛ, еден или повеќе напаѓачи со автомобил ја пробиле оградата околу три часот утрото и потоа ја детонирале бомбата во близина на лабораторијата.

Има извештаи дека овој дел од градот веданш бил блокиран од полицијата. Белгија е во вонредна состојба од можни терористички напади од март годинава по бомбашкиот напад на аеродромот и во метрото во Брисел кога загинаа 32 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Пукање на метро станица во Брисел, неколку линии запрени

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Усвоена е декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба