Огранок на Ал Каеда соопшти дека извршил напад врз американско-јеменска воено-воздухопловна база како одговор на американската операција за ослободување на американски заложник.
Очевидци изјавија дека моќна експлозија ја погоди денеска базата „Ал Анад“ во јужната провинција Лахиџ.
На местот не нападот пристигнала брза помош, а очевидци изјавија дека тела на ранети лица се превезуваат во околната болница.
Огранок на Ал Каеда соопшти преку својот налог на Твитер дека негови борци истрелале кон базата шест ракети „Град“. Во кусото соопштение групацијата нагласи дека го погодила „американскиот дел“ од базата.
„Ал Анад“ е база во која американските и европските воени советници му помагаат на Јемен во борбата против локалниот огранок на Ал Каеда преку напад со беспилотни летала и логистичка поддршка.