Експертите повторно не стигнаа до местото на падот на малезискиот авион

Од:

Групата меѓународни експерти веќе трет ден по ред не успеа да дојде до местото на уривањето на малезискиот авион, поради борбите меѓу украинските и проруските сили, соопшти денеска холандското Министерство за правда.

– Групата холандски и австралиски експерти не тргна од Доњецк кон местото на несреќата во источниот дел на Украина. Моментно се на пат, а околу местото на несреќата се водат премногу жестоки судири, се наведува во соопштението.

При борбите околу градовите Шахтјорск и Торез бунтовниците ја загубиле контролата врз селото Расипное, каде се наоѓаат дел од остатоците на урнатиот авион. Украинското Министерство за одбрана соопшти и дека продолжуваат борбите за „целосно ослободување на градовите Первомајск и Сњежноје“.

Жителите на Шахтјорск го напуштале градот во паника, а една повеќекатница била погодена од најмалку две гранати.

Министерство информира дека украинската војска влегла во Шахтјорск, но дека контролните пунктови кои го блокираат влезот на градот од западниот дел се под контрола на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици