Експертите ќе го посетат местото на несреќата, откако Украина ќе ја преземе контролата врз областа

Од:

Украинските власти ќе им дадат можност на меѓународните експерти да работат на местото на несреќата на малезискиот патнички авион дури откако ќе ја вратат контролата над таа територија, изјави прес-секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко.

Лисенко истакна дека Киев не може да гарантира безбедност во територија која е под контрола на сепаратистите и дека се додека подрачјето на авионската несреќа не биде ослободено од нив, за цивилните лица, вклучувајќи ги и меѓународните експерти, е опасно да се наоѓаат таму.

– Откако украинските сили ќе влезат на оваа територија во градовите Антрацит и Красниј Луч, и бунтовниците ќе го напуштат овој регион, тој за нив ќе нема стратешко значење, посочи Лисенко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици