„Еко“: Џихадистичката ИД има буџет од две милијарди долари

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД), која контролира голем дел од териториите на Ирак и Сирија, првпат усвои свој годишен буџет во износ од две милијарди долари, објави францускиот весник „Еко“, додавајќи дека организацијата очекува во текот на оваа година да има вишок од 250 милиони долари.

Повикувајќи се на изјава на ирачкиот верски лидер Абу Саад Ал Ансари, „Еко“ наведува дека со буџетот на ИД се предвидува покривање на трошоците за нејзините борци кои ќе примаат плати од по 500 до 600 долари месечно. Покрај ова, предвидени се и средства за помош на сиромашните, како и за инвалидите и семејствата на загинатите при нападите на меѓународната коалиција врз териториите под контрола на групата.

Францускиот весник наведува дека најголем број на средствата на ИД потекнуваат од ограбувањето на освоените воени бази, од даноци што ги собираат од жителите на териториите под нивна контрола, од рекет, како и од платени откупи за ослободување на грабнати лица.

Припадниците на ИД, исто така, ограбиле и 60-тина банки од градовите што ги нападнале или се под нивна контрола, како што се Мосул, Тикрит и Фалуџа.

Покрај ова ИД добива помош и од приватни донатори од земјите од Персискиот Залив, како и од илегална продажба на нафта од нафтените полиња под нејзина контрола. Така, само од нафтените полиња во Сирија, каде дневно се произведуваат до 40 илјади барели нафта, групата заработува по околу милион долари на ден, навдува „Еко“.

Магазинот „Њусвик“ неодмана процени дека од сите наведени приходи ИД заработува и до шест милиони долари дневно.

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ