Еко-активисти го отсекоа врвот на новогодишната елка пред Бранденбуршката порта во Берлин

Од:

Еко-активисти го отсекоа врвот на елката пред Бранденбуршката порта во Берлин, јави ДПА. Членови на протестното движење „Последна генерација“ употребија хидраулична дигалка за да го достигнат врвот на 15-метарската елка украсена со светилки и божиќни играчки. На врвот на дрвото истакнаа парола „Ова е само врвот на елката“, по што истиот го отсекоа.

„Досега го гледаме само врвот на длабоката климатска криза во Германија“, изјави активистката, Лили Гомез, истакнувајќи дека „додека цела Германија го поминува викендот купувајќи скапи подароци, други нации се прашуваат каде да се најде вода за пиење откако сушата и поплавите им ги уништија посевите“.

Според Гомез, „во Германија се наѕира климатска катастрофа, а федералната Влада не вложува напори да не заштити“.

Полицијата презела мерки против демонстрантите, но не даде повеќе детали.

Од почетокот на годината, движењето „Последна генерација“ блокираше улици во Берлин и другите поголеми градови барајќи радикална промена на владината политика за справување со климатските промени. Организираше и протестни акции во музеи, стадиони, министерства и на аеродроми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Медведев: Може да се случи „Мајдан“ во Берлин

Трактори го окупираа центарот на Берлин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Германија: Изгоре дом, нападната станица, 300 уапсени, повредени полицајци

А1он