ЕК: Затворањето на границите не е неопходно и најдобриот начин да се запре заразата

Од:

Европската комисија претстави насоки за мерките за управување со внатрешните европски граници во контекст на вонредната состојба со Ковид-19.

– Вирусот е присутен во сите земји на ЕУ. Затворањето на границите не е неопходно и најдобриот начин да се запре заразата, соопшти Комисијата.

Насоките презентирани од Европската комисија на видео конференциски состанок на 56 министри за здравство и внатрешни работи на ЕУ имаат за цел интегриран пристап кон ефикасно управување со европските граници со цел заштита на здравјето на граѓаните, како и зачувување на интегритетот на внатрешниот пазар.

– Нашите мерки за сузбивање на коронавирусот ќе бидат ефикасни само ако координираме на европско ниво. Мора да преземеме вонредни мерки за да го заштитиме здравјето на нашите граѓани, но и да обезбедиме стоките и основните услуги да продолжат да циркулираат на нашиот внатрешен пазар. Тоа е единствениот начин да се спречи недостигот на медицинска опрема или храна, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Европската комисија нагласува дека лицата кои се идентификувани како ризични за ширење на Ковид-19 мора да имаат пристап до соодветна здравствена заштита, било во земјата на пристигнување или во земјата од која заминуваат.

Комисијата потсетува дека слободнaта циркулација на стоки е пресудна за одржување на достапноста до производите како што се залихи на храна, витална медицинска и заштитна опрема.

Во Брисел оценуваат дека земјите-членки досега реагирале врз основа на достапните информации и со цел да го заштитат здравјето на своите граѓани.

– Владите преземаат мерки што тие ги сметаат за соодветни, но за да бидат ефективни, тие мора да бидат координирани, велат во Комисијата.

Земјите-членки сега комуницираат на дневно ниво за да ја поправат почетната ситуација во која секоја земја воведуваше еднострани мерки.

– Не почна совршено. Гледаме километри застој на граничните премини, поради контрола, но и поради домино-ефекти со другите граници, велат претставници на Комисијата.

Тие исто така предупредуваат дека продуктивноста се заснова на навремено снабдување и дека целта на Европската комисија е да обезбеди соодветен проток на стоки со цел да се избегне недостиг на пазарот на ЕУ, а со тоа и да се влошат и последиците од кризата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Брисел официјално предложи вклучување на обврските од Охридскиот договор во рамките на преговорите за членство на Србија во ЕУ

Горан Наумовски