ЕК верува дека испораките на руски гас за ЕУ нема да бидат прекинати

Од:

Испораките на руски гас за ЕУ нема да бидат прекинати додека траат преговорите меѓу Русија, Украина и Унијата, изјави денеска на прес-конференција во Брисел портпаролката на Европската комисија, Пиа Хансен.

Таа нагласи дека ваква одлука е донесена на средбата во Варшава на 2 мај меѓу еврокомесарот за енергетика Гунтер Јотингер и министрите за енергетика на Русија и на Украина.

Според неа, на оваа средба бил постигнат извесен напредок, кој Москва и Киев треба да го надградат, посебно околу прашањето за цената за дистрибуцијата на гас. Таа го изрази задоволството на ЕК дека Киев веќе најавил подготвеност да ги подмири долговите кон Москва пред крајот на овој месец.

ЕК и предложи на руската страна да се одржи нова тристрана средба (ЕК, Русија и Украина) во врска со прашањата за гасот на 26 мај, но се уште се очекува одговорот од Москва.

Комисијата повторно повика испораките на гас да не се користат како политичко оружје, а сите страни да се покажат како партнери на кои може да им се верува.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он