ЕК свикува кризен состанок поради скандалот со јајцата

Од:

Европската комисија, извршен орган на Европската унија ќе свика вонреден состанок на министрите во врска со јајцата загадени со инсектициди во настојувањето да се стави крај на обвинувањата и омаловажувањата поради овој скандал, изјави денеска еврокомесарот, задолжен за здравство, Витенис Андриукајитис.

Тој истакна дека сака Холандија, Белгија и Германија да престанат со размена на меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен за предизвикувањето паника поради фипронилот откриен во јајцата, хемикалија, која може да биде штетна за луѓето.

– Обвинувањата и прозивките нема да не доведат никаде и сакам тоа да престане, рече литванскиот еврокомесар.

– Предложив одржување состанок на високо ниво на надлежните министри и на претставници на агенциите за безбедност на храна на сите држави-членки вклучени во овој проблем, откако на располагање ќе бидат сите факти, рече Андриукајитис.

Контаминирани јајца се пронајдени во најмалку 11 земји-членки на ЕУ, откако на 1 август во јавноста се појави аферата, а милион јајца и производи на база на јајца се повлечени од полиците во супермаркетите ширум Европа.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он