ЕК: Се подобрува квалитетот на водите за капење во Европа

Од:

Годишниот извештај за квалитетот на водите за капење во Европа на Европската агенција за животна средина покажува дека 94 проценти од местата за капење во ЕУ одговараат на минималните стандарди, соопшти Европската комисија.

Квалитетот на водата е одличен во 78 проценти од местата, а во споредба со минатогодишниот извештај објектите што одговараат на минималните барања се зголемиле за речиси два процента.

Кипар и Луксембург отскокнуваат со постигнатиот одличен квалитет на водата во сите вклучени места за капење. Други осум држави се со одлични резултати во однос на квалитетот, што ги надминуваат просечните за ЕУ – Малта (97 отсто), Хрватска (95 отсто), Грција (93 отсто), Германија (88 отсто), Португалија (87 отсто), Италија (85 отсто), Финска (83 отсто) и Шпанија (83 отсто).

Извештајот посочува дека ова е подобрување во споредба со минатата година, што ја потврдува позитивната тенденција од почетокот на набљудувањето на водите за капење во Европа, почната во 1990 година.

Во набљудувањето се регистрираат бактерии од канализација и живоптинско потекло што се нашле во водите за капење.

Повеќе од две третини од објектите опфатени со проверките се морски плажи, а останатите се реки и езера.

Според годинешниот извештај со највисок дел на несогласност со стандардите се местата за капење во Белгија (12 отсто), Холандија (седум отсто) и Велика Британија (шест отсто). На почетокот на 90-те години на минатиот век едвај околу 60 отсто од местата за капење имале одличен квалитет, забележува комисијата.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп