ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

Од:

Еврокомесарката за здравство Стела Кириакидес, денеска одржа прес-конференција за последните одлуки на Европската Комисија во пресрет на идната фаза на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата им препорачува на земјите-членки на ЕУ да останат внимателни во излезната фаза од акутниот период на инфекција од Ковид-19, и да работат на подготвеност и надзор на пандемијата во рамките на здравствените системи.

За ова, смета ЕК, е важно, меѓу другото, да се зголеми вакцинацијата и дополнителните дозите, да се продолжи со таргетирано тестирање, да се инвестира во закрепнување на здравствените системи, како и да се работи на следната генерација на вакцини.

На долг рок потребни се мерки за справување со „долг ковид“ кај пациентите, но и со последиците врз менталното здравје на населението.

– Бројот на заразени останува висок во ЕУ, но притисокот врз здравствениот систем е намален и нашите општества и економии повторно се отворија. Нашите граѓани можат конечно да уживаат во овој период со помалку рестрикции врз дневниот живот, по вонредни и тешки две и пол години. Сепак е клучно земјите членки да задржат ниво на претпазливост и подготвеност за нови соеви, пандемијата не е завршена, изјави Кириакидес.

Таа додаде дека е важно да има глобална вакцинација.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од своја страна, додаде дека луѓе продолжуваат да умираат од Ковид-19 ширум светот.

– Нови соеви можат да се појават и брзо да се прошират, но го знаеме патот, мора да ја зголемиме вакцинацијата и бустерите како и таргетираното тестирање, потврди фон дер Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата