ЕК сака да ги прошири флексибилните регулативи за државна помош

Од:

Европската комисија препорача да се продолжат флексибилните регулативи за државна помош до крајот на годината, за да се даде повеќе време на економијата за да се опорави од негативните ефекти од пандеммијата со Ковид-19.

Флексибилните регулативи требаше да останат во сила до крајот на минатата година, а во октомври ЕК ги продолжи до крајот на јуни 2021 година.

ЕК предложи тие да бидат продолжени за уште шест месеци – до крајот на 2021 година, што укажува на можноста за нивно прилагодување.

– Вториот бран на пандемијата продолжува да има силно влијание врз нашите животи и на компаниите ширум Европа и им треба дополнителна помош за надминување на кризата, изјави потпретседателката на ЕК Маргарет Вестагер.

ЕК, исто така, предложи зголемување на максималниот износ на државна помош за компаниите и претворање на веќе одобрените инструменти за финансирање, вклучително и заеми, во директна помош.

Земјите од ЕУ веќе исплатија милијарди евра помош за компаниите според олабавените европски регулативи, јави ДПА.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска