Романија треба да ги преиспита своите планови за спроведување на судките реформи, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Со ова Романија стана втора земја на ЕУ, по Полска, каде што ЕК побара ревизија на промените во судството.
„ЕК го повикува парламентот на Романија де го преиспита својот план и да започне широки дебати во согласност со препораките на ЕК, за да создаде широк консензус за движење напред“, порача Европската комисија и додаде дека е неопходна независност на романскиот судски систем и способност да се бори ефикасно против корупцијата.