Интерес на Европската комисија (ЕК) е да работиме на „планот А“, изјави денеска претставник на ова тело на Унијата одговарајќи на прашањето дали институцијата се подготвува за можноста Турција да го раскине договорот за мигрантите.
– Договорот доведе до промени, беа пресечени мрежите на криумчарите, беа спасени човечки животи. Не е во интерес на Турција на нејзините граници да се движат криумчари. Не знаеме за друг функционален предлог, изјави претставникот, не посочувајќи точно кои се решенијата и алтернативите при можно поништување на договорот.
– Додека другите прават кампања на социјалните мрежи, ние деноноќно работиме на поддршка на државите од Европската Унија, а посебно на земјите на надворешната граница (на ЕУ) – Грција и Италија, додаде тој.