ЕК продолжува да помага за враќање дома на европските граѓани

Од:

Европската Комисија соопшти дека придонела за 75 отсто во летовите за репатријација на европските граѓани, блокирани надвор од нивната држава за време на кризата со коронавирусот.

Европската Унија помага преку Цивилниот механизам за заштита да се организираат репатријациите на граѓаните.

Германија организирала тринаесет летови во текот на оваа недела за да врати назад граѓани од Египет, Мароко, Филипини, Тунис и Аргентина.

– Сите трошоци за летовите имаат придонес од 75 отсто од Европската Комисија, нагласија прес службите.

Оваа недела, исто преку овој механизам, вратени се 604 туристи заглавени од Мароко со лет на Аустријан Ерлајнс.

Досега вкупно 1.159 европски граѓани добиле помош од ЕУ за репатријација од Вухан, Јапонија, Оукленд и Мароко.

Вчера е организиран и лет од Виетнам каде се наоѓаат повеќе граѓани на ЕУ кои сакаат да се вратат дома.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен