ЕK предлага нов инструмент за помош и заштита на фирмите погодени од Ковид-19

Од:

Европската комисија најави програма за скратено работно време, за која ќе гарантираат земјите членки, а која ќе им помогне на фирмите во најтешко погодените држави да ги задржат работниците.

Инструментот детално ќе биде претставен до крајот на неделата, а е осмислен со цел работодавците да не отпуштаат работниците.

„Ова е европската солидарност на дело. За Италија, Шпанија и другите. Тоа е за иднината на Европа“, рече претседателката на Еврокомисијата,фон дер Лајен за новиот инструмент наречен „Сигурност (Sure)“.

Станува збор за инструмент, кој го користеа неколку членки на ЕУ за време на финансиската криза во 2008, како што беше германската програма „Курцарбајт“.

Според тој модел, државата плаќаше дел од платата на работникот, што им овозможи на компаниите да ги задржат работниците и да ги намалат трошоците за време на криза.

Засега нема детали за тоа од каде ќе се повлечат средства за тој инструмент.

„Идејата е едноставна. Ако немата нарачки и компаниите немаат работа поради привремениот екстерен шок, како што е коронавирусот, тие не отпуштаат работници, туку остануваат вработени иако има помалку работа. Во слободното време, работниците би можеле да научат, на пример, нови вештини, кои ќе бидат од корист и за нив и за компанијата“, појаснува претседателката на ЕК.

Вон дер Лејен појасни дека тоа е лекција научена од финансиската криза, кога земјите-членки кои имале таков инструмент им помогнале на милиони луѓе да ја задржат работата, а компаниите да ја пребродат кризата.

„Тоа ги ублажи последиците од рецесијата, ги задржа луѓето на работа и им овозможи на компаниите да се вратат на пазарот со нова сила“, потенцира вон дер Лејен.

„Откако кризата со пандемијата ќе заврши и се укинат ограничувањата за движење, работниците ќе можат да се вратат на полно работно време. – Тоа е клучно за повторно покренување на економскиот мотор. Европската комисија неделава ќе предложи нов инструмент за поддршка на скратено работно време“, посочи таа.

Шефицата на ЕК додаде дека програмата ќе овозможи плата за работниците за време на кризата за да можат да плаќаат станарина и да купуваат она што им е потребно, а сето тоа позитивно ќе влијае на економијата.

Би можело да ве интересира

Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Брисел официјално предложи вклучување на обврските од Охридскиот договор во рамките на преговорите за членство на Србија во ЕУ

Горан Наумовски