ЕК: Отворени сме за разговор за укинување на патентите за вакцини

Од:

Европската Комисија денеска порача дека Брисел не е затворен за диксусија за американскиот предлог за укинување на патентите за интелектуална сопственост за вакцините, но го смета само за едно од можните решенија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На редовниот брифинг за новинари во Брисел, портпаролката Дана Спинант рече дека Европската Комисија била запознаена претходно со иницијативата на американската администрација да се укинат патентите за вакцините против Ковид-19, но за сега во Брисел ставот не е усогласен и се изразува само подготвеност за дискусија.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, најави дека лидерите на ЕУ ќе разговараат на оваа тема деновиве.

До сега ставот на ЕУ беше дека укинувањето на патентите не е решение и дека треба фокусот да биде на ефикасен и брз извоз на вакцини за да се постигне масовна вакцинација на глобалното население.

Но, по предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, станува јасно дека дискусијата ќе се отвори внатре во институциите на ЕУ, како и меѓу земјите членки на ЕУ. Франција веќе изрази подготвеност да се приклучи кон иницијативата.

Портпаролката на ЕК неколку пати денеска повтори дека е важно да се зголеми извозот на вакцини и да се зајакне нивното производство.

-Отворени сме за диксусија за други прагматични решенија и подготвени сме да процениме дали предлогот на САД може да помогне, до тогаш ги охрабруваме сите земји да дозволат брз извоз на вакцини, рече Спинант.

Невладините и хуманитарните организации ја повикаа ЕУ да им се придружат на САД во оваа иницијатива, додека фармацевтската индустрија се противи на овој потег.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он