Европската комисија одобри вчера отпуштање на 610 милиони евра помош за развој на африканската држава Нигер, со цел таа да може да се справи со причините кои доведуваат до сиромаштијата, за борба против нелегалната миграција и незаконската трговија со луѓе кон Европа, како и за зајакнување на граничната контрола.
Оваа одлука е дел од напорите на Европската унија за зајакнување на соработлката со оние африкански земји, од кои тргнуваат или низ транзитно минуваат најмногу имигранти, кои се одлучуваат на ризичното патувањее преку пустини и преку Средоземното Море кон „ветената земја“.
Целта на ЕУ е максимално ограничување на тој прилив на мигранти. Од почетокот на 2015 година досега во Европа на тој начин пристигнале 1,4 милиони бегалци, а 4.750 се удавиле во морето.
Парите наменети за Нигер се доделуваат од новосоздадениот фонд за Африка, како и од Германија, Франција и Италија.
Во западноафриканската држава Нигер се наоѓа пустинскиот град Агадес, популарен транзитен пункт за мигранти, кои се обидуваат да стигнат до Либија преку пустината Сахара, а оттаму евентуално до Италија преку Средоземното Море.