ЕК: Не блокираме извоз на вакцини без причина

Од:

Портпаролите на Европската Комисија денеска повторно се објаснуваа пред медиумите за одлуката на ЕУ да се блокира извозот на вакцини кон трети земји, Брисел порачува дека тоа го прави со добра причина.

Поради тоа што АстраЗенека не ги почитува договорите склучени со Европската Комисија и земјите членки на ЕУ се активира механизмот за блокирање на извоз на дози кон трети земји, објасни Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.

-Јасно кажавме дека инсистираме АстраЗенека да ги почитува своите ветувања, претседателката дури го назначи Тиери Бретон за да ги води дискусиите со компаниите, но ова не е прашање само на една компанија, туку на глобална рамнотежа помеѓу извозот и испораката на дози, нашата цел не е да блокираме за да блокираме туку за да се осигураме дека компаниите ќе испорачаат тоа што е предвидено во договорите, изјави Мамер.

Тој истакна исто така дека АстраЗенека е “екстремно важна“ во стратегијата на вакцинација на ЕУ, но и дека ЕУ има договори со голем број други компании.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата