ЕК нарача 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници

Од:

Европската комисија (ЕК) купи 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници.

„Трендот на намалување на бројот на случаи на мајмунски сипаници во Европската унија е охрабрувачки, но тоа не значи дека заканата помина или дека можеме да го намалиме нашето внимание“, рече комесарката за здравство на ЕК, Стела Киријакидес.

Речиси 20.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во Европската унија, Исланд и Норвешка од почетокот на актуелната епидемија, но бројот на нови случаи опаѓа во последните недели, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

„Со овие средства ќе им помогнеме на земјите-членки да ги задоволат тековните потреби и да обезбедат грижа за повеќе пациенти во Европа“, рече Киријакидес.

Членките на ЕУ и другите земји кои се дел од Механизмот за цивилна заштита ќе можат да ги користат лековите „тековиримат“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се повлекува лекот за кашлица „Фолкодин“ – може да доведе до алергиска реакција опасна по живот

Белгиски лекари пронајдоа нов третман за срцеви болести

А1он

Научниците ја открија „слабата точка“ на коронавирусот

Жарко Настоски

Европската агенција за лекови го препорача „ремдесивир“ за третман на Ковид-19

Жарко Настоски

Лицата со хемофилија ќе добијат нов лек против континуирана профилакса

А1он