ЕК: Ковид-19 да се смета за професионална болест во релевантните сектори

Од:

Европската kомисија ќе издаде препорака да се смета Ковид-19 како професионална болест во “релевантните сектори“.

Оваа одлука доаѓа по договор постигнат меѓу земјите членки на ЕУ, претставници на работниците и претставници на работодавците во рамките на телото советодавната комисија на ЕУ за безбедност и здравје на работното место.

Ковид-19 треба да се смета за професионална болест за работниците во секторот на здравството и социјалната работа, а во контекст на пандемија и во сектори каде заразувањето произлегува од докажан ризик. Со ова се актуелизира списокот на професионални болести во ЕУ.

Еврокомесар за социјални права, Николас Шмит, изјави дека овој договор претставува “силен политички сигнал“ со кој се препознава импактот на Ковид-19 врз работниците во здравствениот и социјалниот сектор како и нивниот клучен придонес. Истото важи и за работниците кои работат во области каде ризикот од инфекција е висок.

Европската комисија сега ќе изработи препорака до земјите членки да ја признаат болеста во нивните држави како професионална и да го модифицираат националното законодавство согласно со оваа препорака. Доколку земјите тоа го сторат засегнатите работници би требало да имаат право на одредени компензации во зависност од националните закони на секоја земја членка на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот

А1он