Европската комисија следната недела ќе објави пакет мерки со кои треба да се помогне европскиот пазар откако Русија воведе забрана за увоз на производи од Европската унија, како и на државите кои претходно воведоа санкции кон Русија.
Еврокомесарот за земјоделство и рурален развој Дачан Чолос најави дека мерките ќе бидат соодветни и економски ефикасни. Тој истакна дека ЕК нема да ги остави европските производители без поддршка.
– Актуеланата ситуација бара брз и подобар пристап до регионалните податоци за земјоделските секотори и зголемената контрола.
ЕК планира да одржува експертски консулатции еднаш неделно за ситуацијата на пазарот на ЕУ.