ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Од:

Објавен е планот на Европската Комисија да ги подготви граѓаните на Унијата за војна. Суштината на овој план е да се предупредат граѓаните дека во случај на криза треба да бидат подготвени да си обезбедат храна и основни потреби за најмалку 72 часа.

Ова се наведува во нацртот на Стратегијата за подготвеност на Унијата, до која Политико имаше пристап.

„Во случај на сериозни нарушувања, почетниот период е најкритичен“, се наведува во документот, кој предвидува сценарија како што се војна, сајбер напади, заразни болести и поплави предизвикани од климатските промени.

„Ниту една од големите кризи во последните години не беше изолирана или краткотрајна“, се наведува во документот, додавајќи дека Европа повеќе не смее да си дозволи да реагира само кога ќе се појават проблеми.

Потпретседателката на Европската комисија, Роксана Минзату, која ќе ја претстави стратегијата, изјави за Политико: „Време е да се поправи покривот додека сонцето сè уште грее“.

Истовремено, таа додаде дека ЕК сака да им помогне на граѓаните – на ниво на секое домаќинство.

Според нацртот, стратегијата треба да создаде „безбедна и издржлива ЕУ која ќе има капацитет да предвидува и да управува со заканите и кризите, без оглед на нивната причина или извор“.

Како дел од планот, на земјите-членки ќе им бидат дадени препораки за тоа како да планираат кризни ситуации, да складираат основни резерви, да обезбедат засолништа и да ја заштитат критичната инфраструктура – и на терен и во вселената.

Стратегијата доаѓа само неколку недели по првата заедничка европска одбранбена стратегија, а во неа Комисијата вели дека е „крајно време“ да се зајакне подготвеноста на сите нивоа и во сите сектори.

Би можело да ве интересира

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

„Фајненшл тајмс“: Путин се подготвува за војна на другиот крај од светот

Горан Наумовски