ЕК формираше експертска група за дезинформации и дигитална писменост

Од:

Европската комисија формираше експертска група што ќе направи заеднички насоки за просветните работници со цел да се борат против дезинформациите и да ја подобрат дигиталната писменост на граѓаните.

Групата се состои од компании, организации и поединци од неколку сектори, а ќе биде управувана од Генералниот директорат за образование и култура (ГД ЕАЦ) и Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини и технологија (ГД ЦНЕКТ).

Иницијативата е дел од Акцискиот план на ЕК за дигитално образование, што почна да се имплементира оваа година во обид да одговори на двојните предизвици од транзицијата кон дигиталната ера и постпандемискиот свет.

Слична експертска група на високо ниво за борба против лажни вести и ширење дезинформации на интернет беше формирана во 2018 година.

– Денес, критичкото размислување и оценувањето на квалитетот на информациите до кои пристапуваме на интернет е исто толку важна вештина како и читањето и пишувањето, нагласи европската комесарка за иновации, истражувања, култура, образование и младина, Марија Габриел.

Таа рече дека сакаат да овозможат младите луѓе да придонесат во светот на дебатата и дискусијата преку интернет.

– За да успееме, ќе работиме преку оваа експертска група, со нашите наставници и едукатори како вистинска движечка сила за промени во образованието и обуката, рече Габриел.

Главната цел на групата е да се всади кај младите „критички дух“ неопходен за преиспитување на содржината на која наидуваат на интернет и за разликување факти од фикција.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска