Европската комисија испрати писма до Белгија, Германија, Унгарија, Данска, Финска и Шведска во кои изразува загриженост за едностраната примена на строгите гранични мерки во врска со влез и излез од тие земји.
– Ние ја истакнавме потребата ограничувањата на движењето да бидат недискриминирачки и пропорционални. Бараме од земјите-членки да ги усогласат своите мерки со заеднички усвоените препораки и правила за слобода на движење, изјави денеска портпаролот на Комисијата, Кристијан Виганд.
Европската комисија наведува дека овие земји имаат рок од 10 дена да одговорат на писмото на Комисијата и да предупредат на можни законски чекори во случај на ненаоѓање решение.
„Целта е да се најде решение што е можно поскоро. Ова е во интерес на самите земји-членки“, предупредуваат од Брисел.
Претходно, Европската комисија ги потсети сите земји-членки на договорот за заеднички и координиран пристап кон можни ограничувања на слободата на движење во рамките на ЕУ и истакна дека од сите се очекува да ги следат овие принципи.