ЕК бара решение за германскиот граничен режим

Од:

Европска комисија му предаде писмо на германскиот амбасадор во Брисел, Михаел Клаус, во кое бара решение за режимот за влез во Германија од Чешка, Словачка и од австриската покраина Тирол.

Веруваме дека разбирливата цел на Германија, заштитата на јавното здравје во време на пандемија, може да биде постигната со помали рестриктивни мерки, се наведува во писмото на ЕК.

Во писмото се посочува и дека ЕК очекува одговор од германските власти во следните десет работни дена.

Германија неодамна воведе гранични контроли поради појавата на нов вид на Ковид-19 во Тирол и влошената епидемиолошка ситуација во Чешка.

Германскиот весник Билд вчера објави минатата недела биле проверени 104.178 луѓе, при што 15.877 лица биле вратени од граница.

Слични писма досега добија и Белгија, Унгарија, Данска, Шведска и Финска.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он