Египетското претседателство соопшти дека не успеа меѓународното посредништво

Од:

Меѓународните напори за изнаоѓање излез од политичката криза во Египет пропаднаа и одговорноста за таквиот неуспех е на движењето Муслиманско братство, соопшти египетското претседателство.

Американскиот заменик државен секретар Вилијамс Барнс, кој имаше посредничка улога за ставање на крај на политичката криза во Египет, денеска замина од Каиро.

Преговорите се водеа десет денови, а во нив учествуваа претставници на привремената египетска Влада и на Муслиманско братство.

Портпаролот на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави дека таа не е запознаена со изјавата на египетското претседателство.

– ЕУ ќе продолжи со дипломатските напори за решавање на безизлезната ситуација во која се наоѓа Египет и покрај изјавите на властите дека пропаднало меѓународното посредништво, изјави портпаролот Мајкл Ман.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро