Египетскoто Oбвинителство издаде налог за апсење на седуммина исламисти

Од:

Египетското Јавно обвинителство денеска издаде наредба за апсење на седуммина истакнати исламисти, поради насилството меѓу приврзаници и противници на движењето Муслиманско братство во деновите пред и по отстранувањето на претседателот Мохамед Морси од власт.

На списокот меѓу остатантите се и Есам ел Еријан, потпретседател на Партијата на слободата за правда, политичко крило на Муслиманското братство и генералниот секретар на партијата, Мохамед ел Белтаги.

Седуммината исламисти се обвинети за „поттикнување и финансирање на насилство и убиства“.

Еријан и Белтаги денеска учествуваа во демонстрации во поддршка на соборениот претседател исламист Мохамед Морси. Во целата земја денеска со одржуваат митинзи на приврзаници и противници на Морси.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет