Египетското обвинителство издаде наредба за апсење на лидерот на „Муслиманско братство“

Од:

Египетското обвинителство издаде денеска наредба за апсење на десет високи претставници на „Муслиманско братство“, меѓукои на лидерот на исламистичкото движење Мохамед Бадија, за поттикнување кон насилство пред штабот на Републиканската гарда во понеделникот, при што беа убиени 57 лица.

На списокот се и заменик-лидерот на „Муслиманско братство“ Махмуд Езат и за Есам ел Ериан и Мохамед ел Белтаги, лидери на Партијата за слобода и правда, поврзана со исламистичкото движење.

Портпаролот на „Муслиманско братство“ ја осуди наредбата за апсење како обид за запирање на исламистичките протести против воениот преврат во Египет.

На крајот на минатата седмица Мохамед Бадија веќе беше приведен за поттикнување кон насилство, но потоа беше ослободен.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски