Египетските власти заплениле пет тони марихуана во близина на брегот кај летовалиштето Хургада, на Црвено море, соопшти денеска војската.
Дрога е пронајдена во три мали бродчиња, а шестчлениот екипаж е уапсен, се наведува во соопштението, што го пренесуваат француските медиуми.
Во соопштението не е прецизирано кога запленувањето е изведено, ниту од каде дрогата потекнува.
Марихуаната била спакувана во 2.439 пакетчиња, а вкупната тежина изнесувала околу пет тони.
Во Египет нарко дилерите можат да бидат осудени и на смртна казна, потсетуваат француските медиуми.