Египетските власти донесоа одлука за забрана за проповед во џамии на околу 55.000 свештеници кои немаат одобрување да се занимаваат со таа работа.
Тоа се оценува како последен потег насочен кон приврзаниците на соборениот од власт претседател Мохамед Морси.
Според египетскиот министер за верски прашања, Мохамед Моктар Гома, неовластените свештени лица се фундаменталисти и претставуваат закана за државата.
Со забраната се погодени воглавно мали, нелегални џамии и импровизирани места за молитви. Од симнувањето од власт на Морси, приведени се повеќе од 2.000 радикални исламисти вклучувајќи ги и лидерите во Муслиманско братство.