Египетските сили за безбедност поплавија 74 тунели долж границата со Појасот Газа, кои се користат од шверцери и планира да уништи уште 700 такви тунели.
Стотици тунели долж границата се користат од шверцери и од палестинските екстремисти, кои во Газа префрлуваат оружје и експлозиви.
Од Египет во Појасот Газа, кој е под блокада на Израел, преку подземните премини се доставува храна, лекови, гориво, добиток, па дури и автомобили.
Од август минатата година долж границата долга 13 километри, се разрурнати 232 негеални премини.