Египетските новинари протестираа против нападите врз нивни колеги од приврзеници на „Муслиманско братство“

Од:

Десетици египетски новинари денеска во Каиро протестираа против нападите врз нивни колеги од поддржувачи на владеачкото движење „Муслиманско братство“, соопшти ДПА.

Главното обвинителство нареди да се почне со истрага по жалбата, поднесена од синдикатот на новинарите против „Муслиманско братство“.

Неколку новинари и камермани изјавија дека биле нападнати од приврзеници на „Муслиманско братство“, додека вчера известувале од протест пред седиштето на исламистичката организација во египетската престолнина.

„Муслиманско братство“ соопшти дека нивните поддржувачи биле предизвикани од демонстрантите, кои пишувале навредливи графити по ѕидовите на зградата, и инсистираат на тоа дека немало насилство врз новинарите.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет