Египетските исламисти повикаа за нови протести во Каиро

Од:

Египетските исламисти повикуваат за нови протести во Каиро денеска, по крвавите репресии врз демонстрантите, кои го поддржуват соборениот египетски претседател Мохамед Морси, изјави портпаролот на Муслиманското братство, Гехад ел Хадад.

– Маршевите против државниот преврат ќе почнат од сите џамии во Каиро и ќе се наосочат кон плоштадот „Рамзес“, по петочната молитва и овој петок ќе претставува „ден на гневот“, објави Хадад на својот Твитер профил.

Главното движење, пак, кое кон крајот на јуни ги поттикна масовните демонстрации, кои доведоа до соборување на Морси, ги повика Египќаните да создадат „народни комитети“, за заштита на земјата од „тероризмот на Муслиманското братство“.

Коалицијата Тамарод, која поттикна милиони Египќани да излезат на улиците на Египет со барање за оставка на Морси, го „повика големиот египетски народ да создаде народни комитети во сите квартови, пред куќите и храмовите во земјата и да го постават националното знаме, отфрлајќи го внатрешниот тероризам и странската интервенција“.

„Народните комитети“, кои беа форирани за време на бунтот против Хосни Мубарак во 2011 година набргу се претворија во групи за одбрана, кои понекогаш прибегнуваа кон експедитивни форми на улична правда.

Според најновите податоци на египетското Министерство за здравство билансот на загинатите во насилствата во Египет се зголеми на 638 лица, а бројот на ранетите достигна 3.994 лица.

 

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет