Египетскиот уставен суд го прогласи за неуставен законот со кој е избран Сенатот

Од:

Египетскиот уставен суд го прогласи за неуставен законот со кој е избран Сенатот во кој доминираат исламисти, но тој нема да биде распуштен пред да биде избран новиот парламент.

Одлуката на Судот е објавена денеска и во неа се вели дека Сенатот или Советот Шура, ќе биде распуштен откако ќе биде избран нов парламент.

Датум за нови избори не е определен. Според претседателот Мохамед Морси, тие може да се одржат во октомври. Освен тоа Уставниот суд ги прогласи за незаконски критериумите за состав на комисијата за изработка на новиот устав.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет