Египетскиот преврат е знак на регрес, според турската Партија на правдата и развојот

Од:

Египетскиот воен преврат, со кој беше соборен од власт претседателот Мохамед Морси е знак на регрес, изјави портпарол на турската владејачка Партија на правдата и развојот, Хусеин Челик, јави Анадолија.

– Превратот имал и надворешна поддршка. Некои западни земји не беа воодушевени од доаѓањето на власт на египетското движење Муслимански браќа, рече Челик и предупреди дека Турција стравува од евентуални нови конфронтации, кои може да доведат до нови крвопролевања.

Заменик-претседателот на Партијата на правдата и развојот Нуман Куртулуш истакна дека не е можно луѓето кои веруваат во демократијата да го прифатат превратот во Египет.

– Тоа треба да го сметаме за удар, насочен директно против народот на Египет, рече Куртулуш.

Лидерот на главната опозициска Народнорепубликанска партија Ќемал Калачдароглу изјави дека воените преврати не треба да бидат прифатени и изрази надеж дека демократијата наскоро ќе победи.

Турската телевизија Си-Ен-Ен Турк јави дека синоќа во Анкара и Истанбул се одржале протести за подрршка на Морси.

Весникот „Хуриет дејли њуз“ цитира висок владин претставник, кој изјави дека интервенцијата на египетската армија ќе има серозно влијание врз случувањата во регионот и врз текот на Арапската пролет.

– Тешко е да се процени точно какво ќе биде тоа влијание. Сирија со сигурност ќе биде засегната, додаде истиот извор.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска ќе одржи прес-конференција во врска со последните случувања во Египет.

Турција беше една од земјите, кои и дадоа силна поддршка на Владата на Морси и воспостави сериозни врски со движењето Муслимански браќа. Морси учествуваше на конгресот на Партијата на правдата и развојот минатата година.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина