Египетскиот претседател нема да интервенира за осудените новинари на Ал Џезира

Од:

Египетскиот претседастел Абдул Фатах ал Сиси изјави дека нема да се меша во одлуката на судот, околу случајот со осудувањето на тројцата новинари на Ал Џезира.

Според Ал Сиси, тој има „целосна доверба во одлуките на судот и нема да ги критикува дури и ако другите сето ова не го разбираат и него прифакаат“.

Судот во Каиро, вчера ги прогласи за виновни австралиецот Питер Грест, како и Мохамед Фахми и Бахер Мохамед, за поврзаност со забранетото Муслиманско Братство и за ширење на лажни информации.

Тројцата се осудени на затворски казни од седум до десет години. Тројцата беа уапсени на 29 декември минатата година, при една рација на египетската полиција, но тие и тогаш и на судењето тврдеа дека се невини и дека не ги прекршиле египетските закони.

Осудата на тројцата новинари на катарската телевизија Ал Џезира предизвика осуда во меѓународната новинарска јавност, како и критики од разните хуманитарни агенции и организациите за заштита на човековите права.

Министерката за надворепни работи на Австралија, Џули Бишоп изјави во Канбера дека австралиската Влада е во контакт со египетските власти за да се ослободи Грест.

– Австралија ги подржува напорите на Египет за демократизација во земјата, но и за почтување на слободата на говорот и на медиумите, рече министерката Бишоп.

Протест со едноминутно молчење се оддржа во холот на заградата на Би-Би-Си во Лондон, со барање сите тројца новинари да бидат веднаш ослободени. Австралијанецот Грест е познат репортер и известувач од бројни кризни жаришта во светот, Мохамед Фахми кој има канадско-египетско потекло е шеф на дописништвото на Ал Џезира во Каиро, а Бахер Мохамед, Египќанец по потекло е продуцент.

Тројцата се уапсени се дел од 20 лица на кои судот во каиро им судеше за врски со исламистичкото Муслиманско Братство на кое му припаѓаше и сменетиот исламистички претседател Мохамед Морси кој сега е во затвор.

Од овие 20 лица,деветмина беа од дописништвото на Ал Џезира, но на 11 од нив им се судеше во отстуство. Двајца од тие кои беа судени и осудени во отсуство, се Британци.

Египетските власти ја обвинуваат Ал Џезира за блски врски со исламистичкото Братство и за неговото пропагирање преку оваа телевизија, па ја забранија нејзината програма во Егопет и го затворија нејзиното дописништво.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро