Египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси нареди до 18. јули да почне подготовка за спроведување на парламентарни избори во земјата, јави Египетската телевизија.
Датумот на изборите и повеќе детали за нивното спроведување не се објавени. Изборите претставуваат трета, финална фаза од транзицијата во Египет по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси од армијата, пред околу една година.
Согласно објавената „патна карта“ во Египет беше изработен и усвоен на референдум нов Устав, по што земјата избра и нов претседател.