Египетскиот министер за надворешни работи Мохамед Камел Амр го уверил Џон Кери дека смената на Морси не е воен преврат

Од:

Египетскиот министер за надворешни работи Мохамед Камел Амр изјави дека во телефонски разговор го уверил американскиот државен секретар Џон Кери дека соборувањето на претседателот на Египет Мохамед Морси не е воен преврат.

Дефинирањето на тоа што вчера се случи во Египет е важно за САД, бидејќи соборување на законски избран лидер со воен преврат би ја обврзало Белата куќа на воведување економски санкции и на запирање на американската помош за Египет.

– Американската страна е стратешки партнер на Египет и благосостојбата на Египет е важна за САД. Се надевам дека Американците правилно ја сфаќаат ситуацијата и разбираат дека тоа во никој случај не е воен преврат. Тоа всушност беше воњата на мнозинство од народот, изјави Амр.

Амр е дипломат од кариера, кој во вторникот муја врачи оставката на Морси, но остана на чело на Министерството за надворешни работи до назначувањето на нова преодна технократска влада.

Според Амр, Кери го уверил дека Египет е стратешки сојузник на САД и неговата стабилност е важна за Вашингтон.

Кери, исто така, е интересирал и за сосотјбата со човековите права, на што Амр изјавил дека нема да има појави на одмазда против Морси и неговото движење Муслиманско братство.

Амр, исто така, изјави дека имал средби со „многу амбасадори“ во Каиро и дека телефонски разговарал со над десет министри за надворешни работи и со генералниот секретар на ОН.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина