Египетски суд денеска донесе одлука за распуштање на Партијата за слобода и правда, политичко крило на забранетата група Муслиманско братство, соопштија судски извори.
Судот забрани функционирање на Муслиманско братство во септември минатата година, но во таа пресуда не се споменуваше нивното политичко крило, со што беше оставена можност на нив да им биде дозволено да се кандидираат на парламентарни избори.
Со денешната пресуда, дефинитивно се забранува формално учество на Муслиманско братство на избори.
Египетските власти ја оквалификуваа Муслиманско братство како „терористичка група“ откако армијата во јули лани го симна од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси.