Египетски суд ги потврди смртните казни за 183 припадници на Муслиманското Братство

Од:

Судот во Каиро ги потврди денеска смртните пресуди за 183 припадници и поддржувачи на забранетата исламистичка организација Муслиманско братство, што претходно ги донесе Основниот суд во египетскиот главен град.

Сите обвинети се прогласени за виновни за вооружениот напад од 2013 година, врз една полициска станица во Каиро,кога се убиени најмалку 11 полицајци.

Нападот е изначен како одмазнички и се случи по интервенцијата на египетските вооружени и безбедносни сили,во задушувањето на протестите на приврзениците на Братството,по тргањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

Судовите во Египет, досега имаат осудено на смрт стотина припадници и приврзаници на исламистичкото Муслиманско братство, обвинети за поврзаност или за поддржување на тероризам, но нема сознанија дека досега е извршена некоја смртна пресуда.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро