Во воздушни напади на египетските военовоздухопловни сили утрово во северниот дел на Синајскиот полуостров биле убиени 27 исламски екстремисти, соопштија извори од силите за безбедност.
Според нив, тоа било најмасовната воена операција во регионот во последните неколку месеци. Во неа хеликоптери „Апачи“ ликвидирале бунтовници од групата „Вилает Синај“, која се прогласи за сојузник на „Исламска држава“.
Групата ја презеде одговорноста за неколкуте координирани напади на на крајот на јануари, кога беа убиени над 30 египетски војници и полицајци.