Египетска џихадистичка група објави видео запис на кој е прикажана егзекуција на двајца, како што се наведува воени шпиони на полуостровот Синај.
Групата Ансар Беит ала Макдис, која што е верна на екстремистичката Исламска држава и претходно има објавувано видео снимки од убиства.
На најновиот запси кој што е објавен на „Јутјуб“ се прикажани четворица мажи, кои признаваат дека се „шпиони“, а потоа еден од припадниците на екстремистичката група со истрели во главата убива двајца од нив.
„Франс прес“ наведе дека сепак не е јасно дали убиените мажи се дел од групата кога што наводно признава дека се шпиони.
Во еден дел од записот се гледа како џихадисти пребаруваат контролни пунктови и се закануваат дека ќе извршат уште напади против египетските безбедносни сили.
Групата Ансар Беит ал Макдис или Партизани на Ерусалим, соопшти дека од август минатата година убила најмалку 12 лица, бидејќи наводно работеле за тајна израелска разузнавачка служба Мосад.
Инаку безбедносната ситуација на Синај се влоши со отповикување на египетскиот претседател Мохамед Морси во јули минатата година.
Е. Г.