Египетската Влада одлучно против „терористичкото делување“

Од:

Египетската Влада соопшти денеска дека е одлучна во намерата да се соочи со „терористичкото делување“ на исламистичкото движење Муслиманско братство, а на полицијата и е наложено да користи боева муниција за да спречи напади врз згради на владата и полицијата.

Во соопштението се наведува дека постои „криминален план да се разорат столбовите на египетската држава“, но дека Владата бара „инклузивен политички процес“ отворен за секој кој не учествува во насилството.

Во исто време, египетското МВР дало налог на сите сили да ја употребат боевата муниција „за да сузбијат каков било напад врз згради или сили на Владата“.

Соопштението на Министерството е издадено откако исламисти, приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси, убија двајца полицајци за време на нападите на полициски пунктови и упаднаа во седиштето на локалните власти во Каиро и го запалија.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет